7.8 C
Скопје
23:48 - 31 март, 2026

(Фото) Се породи најубавата хрватска водителка: На синот му даде име со симболика

Хрватската водителка и новинарка Фани Стипковиќ се породи на 42-годишна возраст и на свет донесе син на кој гордите родители му го дадоа името Николаос Валентино.

Фани пред еден месец се омажи за поранешниот шпански фудбалер Фернандо Јеро, а сега гордите родители објавија на Инстаграм фотографија од породилиштето и го претставија наследникот на своите следбеници.


„Сине, ти благодарам што нè избра за твои родители. Дојде да нè научиш многу работи и затоа ти ветуваме дека никогаш нема да ти ја пуштиме раката, бидејќи денес ние повторно се родивме со тебе“, напишала Фани, која претходно раскажала за хрватска „Глорија“ дека едвај чека да се оствари во улогата на мајка.

„Мислам дека ќе бидам грижлива мајка и ќе се трудам да го воспитам мојот син како што ме воспитале моите родители – да биде самостоен и свој и да не се чувствува привилегиран. Сакам да ја разбере вредноста на секое нешто што ќе го добие и дека ништо во животот не е сервирано на чинија“, истакнала Фани.

 


Водителката и нејзиниот сопруг на наследникот му го дадоа името Николаос. Тоа име е од грчко потекло кое потекнува од „nike“ = „победа“ и „laos“ = народ. Значењето на името – народот победува.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....