6.8 C
Скопје
10:28 - 21 февруари, 2026

(ФОТО) Се ближат матурските: Ако не сакате да одите на фризер, со овие фризури можете да бидете сам свој мајстор

Се ближат матурските вечери, па по изборот на фустани и чевли најголемо внимание се посветува на фризурите и шминката.

Доколку не сакате да одите на фризер, туку би сакале да бидете свои мајстори, ви подготвивме листа од 5 фризури кои лесно можете да ги направите сами дома, а за овој потфат нема да ви треба претерано фризерско знаење бидејќи фризурите се доста лесни.

Фризура „мокра коса“

Оваа фризура најмногу ја прослави Ким Кардашијан, која често ја гледавме со мокра коса затегната наназад или лабаво пуштена преку рамениците, а со таква фризура се појави и Зендаја на Модната недела во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Фризурата лесно можете да ја направите со чешлање на косата наназад изатегнување со гел, лесно се прави и одржува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian Beauty Hair (@kbeautyhair)

Високо конско опавче

Оваа фризура сите ја знаеме поради Аријана Гранде и доколку ви недостига инспирација, оваа класична фризура секогаш е полн погодок за настан како што е матурската прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)

Елегантна и засекогаш популарна, ќе се вклопи во се што имате намера да облечете, а добро е што нема да морате да размислувате за тоа како изгледа вашата фризура цела вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian Beauty Hair (@kbeautyhair)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian Beauty Hair (@kbeautyhair)

Брановиден боб

Ако сакате да се осмелите и да се потстрижите за матурата, па дури и да ја имате веќе оваа фризура, брановидниот боб е секогаш во мода и не можете да погрешите со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALEX. (@alexandra.pannell)

Само треба да бидете малку повешти со пеглата за коса и за кратко ќе имате врвна фризура.

Ниска пунџа
И ова е една од фризурите кои лесно можете да ги направите сами дома, само потоа добро зацврстете ја со лак.

Фризурата е позната и како шпанска пунџа, се носи на едната страна од вратот, прилично ниско, а доколку сакате малку да ја зачините вашата пунџа, погледнете го ова видео и можеби ќе се одлучите за вакво нешто.

Едноставно исчешлана коса

Можеби понекогаш нема подобра фризура од оваа култна фризура.

Се што ви треба за тоа е фен и голема четка за фенирање, вежбајте неколку пати пред матурска вечер и ќе видите дека лесно оди, а добро средената коса е полн погодок за секоја девојка и со неа нема грешка.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....