01:20 - 11 април, 2026

(Фото) Саканата Хурем го прослави роденденот како вистинска султана: Турската актерка блесна целата во злато

Турската актерка Мерјем Узерли, која беше сакана од публиката по улогата на Султана Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, го прослави својот роденден. Мерјем одлучи да го помине овој посебен ден во кругот на своите најблиски.

Нејзината сестра, родителите и двете ќерки беа присутни на прославата што ја организираше турската актерка, а судејќи според фотографиите, атмосферата била исполнета со смеа, прегратки и нежни семејни моменти. На масата доминираа елегантни роденденски тортички со фотографии од членовите на нејзиното семејство, а просторијата беше украсена со цвеќиња и балони во златни тонови.

Мејрем блескаше во златен фустан, а позираше со својата сестра Џанан насмеани од уво до уво. Нејзината сестра исто така имаше фустан во златни тонови, и двете позираа боси, докажувајќи колку е опуштена атмосферата во домот по повод нејзиниот роденден. Покрај Џанан, на прославата на роденденот присуствуваа и родителите на славеничката – мајката Урсула и таткото Хусеин.

И тие беа во златни тонови, исто како и ќерките на познатата актерка, Лара и Лили, кои уживаа во топлата семејна атмосфера. Мерјем им се заблагодари на сите за честитките на социјалните мрежи и рече дека нејзиниот најголем дар е времето поминато со оние што ги сака.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....