12:10 - 13 ноември, 2026

(Фото) Прво огласување на новата девојка на Лазар Ристовски: 39 години помладата Аница покажа колку ѝ годи врската со актерот

Во српската, но и во регионалната јавност, како бомба одекна веста дека српскиот актер Лазар Ристовски со месеци е во среќна врска со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)


Како што пишуваат медиумите, актерот веќе извесно време живее со својата нова девојка, со која соработуваше во серијата „Дрим тим“.

Аница студиите по психологија ги завршила во Италија, а сега успешно се занимава со глума, а Лазар не крие дека е многу горд на нејзиниот талент.

Веста дека парот е во врска ја потврди Лазар, додека Аница во оваа ситуација одлучи да се држи настрана од медиумите. Сепак, тие двајца неодамна се појавија на отворањето на ново филмско студио и јавноста имаше можност да го види новопечениот пар како се држи рака по рака.

Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.

Сега по извесно време, се огласи Аница Лазиќ, која својот инстаграм-профил не го користеше често, од моментот кога се дозна за нејзината врска со актерот.

Нејзината прва објава како официјална девојка на Лазар Ристовски собра бројни лајкови и комплименти, а таа со насмевка позираше во природа, не криејќи ја среќата што ја чувствува во сето она што во моментот ѝ се случува во животот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....