Поранешната девојка на српскиот актер Милош Биковиќ, руската актерка Аглаја Тарасова, е ослободена од притвор откако беше приведена на аеродромот „Домодедово“ поради шверц со дрога.
Судот во Домодедово, Московска област, ја ослободи од притвор Аглаја Тарасова, обвинета за шверц со дрога, објавија руските медиуми во петокот.
Во текот на сослушувањето, обвинетата седела во ограден простор, одвоена од нејзините адвокати, што е практика кога истрагата бара куќен притвор, наведува агенцијата РИА Новости.
Во петокот, Аглаја Тарасова беше однесена во судот во Домодедово каде што се разгледа барањето на истражителите да ѝ биде одреден куќен притвор.
„Се одбива барањето на истражителот за изрекување превентивна мерка куќен притвор за Дарја – Аглаја Викторовна Тарасова. Избрана е превентивна мерка во вид на забрана за одредени дејствија“, соопштила судијката Дина Ханси.
Фотографиите од Аглаја Тарасова во притворот можете да ги погледнете – ТУКА.
Таа беше осомничена за кривично дело по член 229.1, став 1 од Кривичниот законик на Русија, што се однесува на шверц на наркотици, психоактивни супстанции, нивни прекурсори или аналози, а за кои ѝ се заканува казна од три до седум години затвор, пренесе Танјуг.
Милош и Аглаја биле во врска од 2016 година, а тој во април 2018 година објави дека раскинале.
– Пријатели! За да избегнеме непотребни разговори и погрешни заклучоци, Аглаја и јас сакаме директно да споделиме важни и интимни вести за нас. За жал, по една и пол година заеднички живот, одлучивме да се разделиме. Ова се случи поради пребукирани распореди и постојани патувања – напишал тогаш актерот и додал:
– Се трудевме да ја поминеме секоја слободна минута заедно, но се покажа дека тоа не беше доволно. Ќе продолжиме да се почитуваме и сакаме еден со друг, и ќе останеме блиски пријатели и колеги. Се надеваме дека ја имаме вашата поддршка и разбирање и ви благодариме за сите топли зборови – порачал Биковиќ.
– Тој е Србин и тоа кажува сè! А мене секогаш ме привлекуваа хулигани, токму такви, со лукав сјај во очите – рекла Аглаја за руските медиуми своевремено за нејзината врска со Биковиќ.
