8.8 C
Скопје
11:58 - 1 април, 2026

(Фото) Прва снимка од Милица Тодоровиќ со новото момче: Фатени на улица

Регионалната јавност веќе со недели зборува за тоа дека пејачката Милица Тодоровиќ ужива во нова љубов, но таа не ја коментира.

Меѓутоа, сега екипата на „Папарацо лов“ тврди дека ја снимиле пејачката со нејзиниот нов партнер додека се шетале по улица. Како што може да се види во трејлерот за нивната емисија, Милица и нејзиното момче се шетале по улица во јакни, но неговото лице во ниту еден момент не било покажано.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Милица, изгледа, била без шминка и со себе носела голем ранец, додека нејзиното момче било облечено лежерно и не ја симнувало капата од глава.

Како што пишуваат регионалните медиуми, Милица наводно е во врска со бизнисмен од Загреб, кој вешто го крие.

Тие двајца наводно биле во врска шест месеци, а избраникот на пејачката се вика Марио. Како што се пишуваше, тие биле на слична возраст, а бидејќи таа му била омилена пејачка, тој сакал да ја запознае и се заљубил во неа на прв поглед.

Според првичните информации, Милица многу време поминувала со своето момче, па тој повеќе време поминувал во Белград отколку во Хрватска од каде што е по потекло.

Неодамна беше објавено дека изнајмил стан и се вселил кај Милица, но пејачката ништо од тоа ниту потврди ниту демантираше.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....