15:16 - 1 април, 2026

(Фото) Прва фотографија на синот на Ивица Дачиќ и Милица Јокиќ по помирувањето! Лука не може да се одвои од пејачката, а изразот на нивните лица кажува сѐ

Пејачката Милица Јокиќ неодамна ја прекина врската со синот на политичарот Ивица Дачиќ, Лука Дачиќ, со кој се забавуваше три години. Сепак, набргу по раскинувањето следеше помирување, а сега се појави нивната прва заедничка фотографија по обновувањето на нивната романса.

Тие сега позираа со пријател на приватна забава, а изразот на Лука на сликата покажува колку е среќен што повторно ја има Јокиќ покрај себе и ја стави раката на нејзината нога.

Инаку, среде муабетот за раскинување и помирување, Милица ниту еднаш не се изјасни на таа тема. Сепак, екипата на „Папарацо лов“ ја фати пејачката како излегува од трговски центар и влегува во лимузина во која се наоѓаше мистериозен маж.

Милица постојано зборуваше за деталите од врската со Лука Дачиќ и неговото семејство, а во една прилика откри како поминало нивното познанство.

-Се знаеме долго време, пред да влеземе во врска се запознавме преку пријател, се знаеме веројатно 10 години. Јас сум две години помлада од него, имам 23, а тој ќе наполни 25. Мислам дека повеќе му се допаднав. Потоа почнавме да се гледаме малку почесто и ни се допадна. Заедно се појавивме на некој настан и следниот ден сите го најавија тоа. Заедно сме речиси три години“, изјавила тогаш Милица.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....