20:12 - 12 ноември, 2026

(Фото) Пристигна новиот член во семејството на Јована Јеремиќ: Водителката бара предлози за име

Водителката Јована Јеремиќ, објави дека во семејството со нејзинит партнер Драган Станковиќе пристигнал нов член. Имено, денеска таа објави фотографија и го покажа нов член, кој бил на барање на нејзината ќерка Леа.

Јована возбудено објави дека се работи за пудлица на која таа и Леа сè уште не ѝ дале име. Поради оваа причина, водителката објави конкурс и ги замоли следбениците да изберат име за нивното домашно милениче, а условот е името да носи силна симболика.

– Поздравете ја идната кралица во мојот голем животен круг! Отворам конкурс за нејзино име. Пишете предлози во коментари или преку ДМ. Името мора да има силна симболика, во согласност со мојот живот и сè што сум. Минатиот пат вие ја крстивте Шер. Таа беше подарок за мојата братучетка. Ова е лично за Леа и мене – напишала водителката.

Да потсетиме, Јована почна да живее заедно со Драган пред повеќе од една година во неговата вила во близина на Белград. Тие веќе некое време живеат заедно во вилата, а водителката изрази желба повторно да стане мајка и да му роди дете на Драган.

Слични објави

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо
Се вчитува....