5.8 C
Скопје
07:05 - 1 април, 2026

(Фото) Принцезата Шарлен изгледа среќна со Алберт на гранпри во Формула 1 во Монте Карло

И на квалификациите и на вистинската трка на Гранпри на Формула 1 во Монте Карло, семејството Грималди беше видено заедно, но целото внимание, повторно, беше концентрирано на Шарлен од Монако, која очигледно ја подобрува својата физичка форма.

Дури и расположението ѝ е подобрено – принцезата секогаш беше насмеана, барем што се однесува до појавувањето во јавност во друштво со сопругот и децата.

Прво парот пристигна во падокот рака под рака и посети некои натпреварувачки тимови, а потоа, за време на церемонијата на доделување на наградата, ја направија вообичаената практика да им честитаат на победниците на Формула 1 (Перез, Саинц и Верстапен), а со нив беа  и децата Жак и Габриела.

За оваа прилика принцезата одбра комбинезон во небесно-сина нијанса што одлично ѝ прилегаше на русата модерна фризура.

Комбинезонот е дизајн на модниот дизајнер од Јужна Африка, Теренс Бреј, кој има седиште во Монте Карло. Додека чевлите на Шарлен се од новата пролетна колекција на модната марка Долче и Габана.

И малото девојченце, Габриела, беше совршено дотерана во фустанче од Долче и Габана, очила за сонце и бели сандалчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hshprincealbertii

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....