5.8 C
Скопје
00:52 - 1 април, 2026

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Основачот и креативен директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, почина на почетокот на овој месец, по битката со тешката болест, а неговото заминување погоди многумина.

Снимањето на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, чиј креатор беше Саша, продолжи и по паузата. Како што откри водителот Милан Митровиќ, во негова чест ќе биде отпеана и една песна.

Се шпекулира дека станува збор за песната „Rode će se opet vratiti“, која беше последната песна која ја компонираше Поповиќ, а која ја отпеа „Гранд квартет“ – Немања Стевановиќ, Милан Динчиќ, Милан Станковиќ и Душан Свилар.

Милан Динчиќ – Динча објави фотографија од студиото на „Гранд“ на Кошутњак, на која е во друштво на колегите Немања и Душан.

– 18 години подоцна. Пред точно 18 години ја снимивме песната којашто ја компонираше Саша Поповиќ, „Rode će se opet vratiti“. Се чини дека дури сега добива целосно значење, кога некој наш драг привремено ќе го напушти овој живот – навел Динчиќ и додал:

– Убаво е да се видат драги колеги после долго време. Се потсетивме на убавите моменти од нашите почетоци. Гледајте нè наскоро на „Гранд“ во „Ѕвездите на Гранд“.


Она што некои го забележаа е дека на фотографијата го нема Милан Станковиќ, кој беше со нив во генерацијата и го сочинуваше четвртиот дел од квартетот.

Познато е дека Милан Станковиќ целосно се повлече од музичката сцена, а одамна ја напушти „Гранд“ продукција.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....