13:47 - 10 ноември, 2026

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

Македонската телевизиска презентерка Татјана Стојановска по 15 години ја напушта телевизијата Канал 5, каде што беше дел од информативната редакција и едно од препознатливите лица на вестите.

Стојановска ја сподели веста на својот фејсбук-профил, објавувајќи фотографии од последниот работен ден, кој поминал во емотивна атмосфера. Нејзините колеги ѝ приредиле изненадување со букет цвеќе и накит, испраќајќи ја со убави желби по долгогодишната соработка.

„Емотивен последен ден од мојата 15 годишна работа во Канал 5 телевизија. Многу убави 15 години со моите драги колеги. Ви благодарам“, напиша Стојановска покрај фотографиите.

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

Иако го завршува својот ангажман во Канал 5, Стојановска останува пред телевизиските камери. Нејзината кариера продолжува во телевизијата Алфа, каде што ќе работи како презентерка на вести.

Педесет и едногодишната водителка е во брак со Михаил Китановски од 2023 година. Таа е мајка на 27-годишниот Матеј, кого го има од претходниот брак со музичарот Благоја Грујовски.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....