06:47 - 12 март, 2026

(Фото) Пере од „Нокаут“ откри дека неговата ќерка Миа дипломираше: „Моја ќерка, мојот најдобар звук“

Никола Перевски – Пере има повод за славење. Имено, неговата ќерка Миа, која ја доби од бракот со Александра Спировска, дипломираше на ЕСРА. Таа официјално е дипломиран аудио инженер.

Гордиот татко се пофали на социјалните мрежи со успехот на својата ќерка. Тој објави неколку фотографии на кои Миа го брани дипломскиот труд, а потоа позира со букети во рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Покрај фотографиите Пере напиша и емотивна објава со која ѝ честиташе за нејзиниот успех

„Дипломираше.

Не ја учев да биде тивка.
Ја гледав со слушалки на глава
и со срце што пулсираше во ритам.
Не од ова време,
не од овој шум.
Денес е дипломиран аудио инженер.
University of Audiovisual Arts – ESRA
Скопје-Париз-Њујорк.
од соништа до диплома.
Таа не го слуша светот,
таа го снима.
Моја ќерка,
мојот најдобар звук“, напиша Пере.

Инаку, Миа често е придружен вокал на настапите на татко си, а запеа и на свадбата на мајка ѝ, со кошаркарот Милан во февруари 2025-та.

Никола Перевски Пере има 4 ќерки, двете ќерки Миа и Каја од првиот брак и двете ќерки Ирис и Софиа, од вториот брак со сопругата Јована.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....