00:13 - 3 април, 2026

(Фото) Погледнете ја вилата на Новак и Јелена Ѓоковиќ за 2,9 милиони евра: Ја купиле од Кариќ – чист луксуз, базен среде двор

јелена новак ѓоковиќ

Луксузната вила на Космај, која до неодамна и припаѓаше на брачната двојка Кариќ, сега е новиот дом на Новак и Јелена Ѓоковиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Karaman (@elenakaraman.essence)


На крајот на 2020 година, по потпишувањето на документите за развод, Елена и Југослав Кариќ одлучија да го продадат својот луксузен имот на Космај, како што пренесуваат српските медиуми, за 2,9 милиони евра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Karaman (@elenakaraman.essence)


Тогаш семејството Ѓоковиќ токму од нив ја купиле оваа недвижност.

Имотот што го купиле Новак и Јелена Ѓоковиќ се состои од куќа од околу 400 метри квадратни, во која претежно сè е од камен и дрво, има и голем двор, базен, овоштарник и градина во која Елена Кариќ одгледувала органска храна.

Просторот е оплеменет со рустикални парчиња мебел и неизбежните антиквитети, а сето заедно зрачи со топла и пријатна атмосфера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Karaman (@elenakaraman.essence)


Да потсетиме, поранешната сопственичка на куќата Елена Кариќ се простила од својот дом и за привремено живеење избрала стан во центарот на Белград.

„Простувањето од куќата за која некогаш сонував и ја реализирав. Од земјата каде научив толку многу, што ми донесе исцеление, увид и ме поврза со моето автентично битие и повисока свест. Се галевме, се грижевме еден за друг, таа мене, јас нејзе. Шепотеа соништата, повикуваа и пуштаа молитви во етерот… За лично и колективно добро.

Си бевме една на друга учителки, таа мене за цикличноста без крај и почеток, за световите надвор од привидното, за кристалните фреквенции, елементите и мојот дом, оној во моите гради што чука со ритамот на соѕвездијата од кое доаѓам. А јас нејзе за нетрпеливоста, тагите и радостите, манифестираните соништа и оние кои останаа засекогаш да се клацкаат на другата страна на исполнувањето“, напишала, меѓу другото, Елена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Karaman (@elenakaraman.essence)

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....