20:20 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ова е огромниот имот на Наташа Беквалац во Ченеј: Има базен, вила уредена до совршенство, а еве каква е атмосферата во домот…

Српската пејачка Наташа Беквалац поседува имот во Ченеј, кој го декорирала по свој вкус, а кој зрачи со чист луксуз.

Имотот на пејачката се простира на површина од 3.500 м2. Како што тогаш објавија медиумите, таа вложила цело богатство во неговото уредување, а жив доказ за тоа се фотографиите од величествениот имот.

Покрај величествениот имот, Наташа го средила и својот нов дом, кој го опремила со многу љубов и во него ужива со своите ќерки.

Таа често на Инстаграм објавува моменти од приватниот живот, а потоа откри како изгледа саботно утро во нејзиниот дом.

Покрај масата седеле нејзините ќерки и нејзиниот внук, син на нејзината сестра Кристина Беквалац, додека таа се посветила на пеглањето алишта.

Децата појадувале на маса со полна корпа со овошје и куп алишта кои чекале да се испеглаат.

Децата се шегувале со неа и рекле дека Наташа, меѓу другото, дури и крпите ги пегла, додека таа се насмејала и рекла: „Моја куќа, мои правила“.

 

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....