5.8 C
Скопје
05:14 - 24 март, 2026

(Фото) Ова е цветното царство на Евица и Благе Додевски: Леандри, рози, камени црквички…и многу љубов!

Ви ги отвораме вратите на импресивниот двор на Евица и Благе Додевски. Евица е домаќинка, невработена, а Благе по професија е керамичар, со одгледување на цвеќиња се занимаваат откако живеат во семејната куќа во населба Ајдучка чешма во Куманово.

Дворот се простира на 500 метри квадратни и навистина плени со изгледот, среденоста и декоративните елементи. Има бројни видови на цвеќиња, но доминираат леандрите, розите,  далиите, сарделите, висечките сардели, петуниите…Но, ако Евица и Благе треба да изберат кои им се најомилени цвеќиња, велат дека тоа се леандрите и розите кои ги имаат во најразлични бои и нијанси.

– Одгледувањето на цвеќиња бара секојдневна посветеност и ангажираност, и потребна е многу љубов за нивно одгледување – ни раскажуваат нашите домаќини.

Се согласуваме со нив – предизвик е да се има убаво среден двор со многу цвеќиња, покрај фонтаната која го разубавува дворот и изработките од камења.

Имено, Благе се занимава околу десет години со изработки на црквички, а идеи за нивно изработување добива од вистинските цркви. Досега овој господин има изработено бројни црквички кои сам ги осмислува, но изработува и по желба на купувачите.

Покрај изработка на црквички, Благе изработува и фонтани, огради од камен, украсни селски куќи од камен, воденици, саксии од камен, и различни други изработеки од камен.

Импресионирани од дворот на нашите љубезни и вредни соговорници, убави луѓе како и нивниот двор, ги прашуваме за совет што би го споделиле со оние кои допрва сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство и нега на цвеќе.

– Сите кои сакаат да се занимаваат со цвеќиња и да имаат убаво среден двор, треба да имаат љубов кон цвеќињата, а со тек на време ќе научат и кои цвеќиња какви услови бараат. Идеи за украсување на дворот може да добијат од многу портали и Интернет страници, меѓу кои и од Фејсбук групата Дворчето, како и сами да ја покажат својата креативност и умешност, – ни одговараат домаќините.

Инаку, со Евица и Благе стапивме во контакт преку нивната ќерка Сања Додевска Спасовка, која членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Слаткарка по професија, преслатки убавици во дворот: Христина ни ја покажа нејзината цветна „кујна“

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....