8.8 C
Скопје
23:01 - 19 февруари, 2026

(Фото) Огњен Амиџиќ го бара најглупавото име за дете: Хит објавата на водителот направи хаос на мрежите

Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата избраничка и колешка Мина Наумовиќ за неколку месеци ќе станат родители. Убавата Мина е во четвртиот месец од бременоста, а Огњен не крие колку се среќни што ќе добијат принова и дека венчавката е веќе закажана.

Огњен наскоро ќе стане татко по вторпат, а од своите многубројни следбеници на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), посака да го слушне мислењето на една многу интересна тема.  Имено, се претпоставува дека водителот веќе размислува какво име би можел да му даде на своето второ дете, поради што сакал да слушне од своите следбеници кое е најглупавото име што може да се даде.

Набрзо коментарите почнале да се нижа во недоглед, а од реакцијата на Огњен може да се заклучи дека некои од одговорите го изненадиле и него и дека не можел ни да замисли дека тоа ќе го прочита под својата објава.

 

Дали водителската двојка сака на новиот член да му даде специфично и оригинално име или Огњен сакал само да види до каде може да оди човечката фантазија, ќе дознаеме во некоја од неговите нови објави.

Инаку, бидејќи Огњен и Мина за неколку месеци ќе станат родители, решиле целосно да го реновираат луксузниот стан во Белград, каде што живеат. Бидејќи работат и на собата за бебето, Мина и Огњен привремено се иселиле од станот.

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....