-1.2 C
Скопје
05:34 - 19 декември, 2024

(Фото) Одблизу со Ангела Василевска, мисица: Изборите за Мис не се лесни, треба да знаеш да се справиш со стрес и возбуда

Ангела Василевска е една од најпоуларните девојки на Инстаграм кај нас. Четириесет и две илјади луѓе ја следат не само поради нејзината убавина и титулите Мис, туку и поради нејзиниот весел дух, шармот и убавата енергија која ја шири околу себе.


Со Ангела се запознавме во Анталија, на инфо- турата која ја организираше туристичката агенција „Фибула“, и за Ангела веднаш може да се каже дека освен што има оригинална смисла за хумор, таа е роден лидер и голем професионалец. Во Турција почнаа нејзините подготовки за двете патувања на светски избори за Мис, а паралелно се грижеше и за промоција на сопствениот бренд за ораганска козметика.

-Пред сè ти благодарам на ова интервју. Многу сум среќна бидејќи се подготвувам не за еден туку за два избори за Мис, „Мис Ворлд Туризам (Miss World Tourism) и „Мис Глобал Модел оф д Ворлд“ (Miss Global Model of the World). Морам да признаам дека изборите за Мис не само што не се лесни туку се и предизвик за една млада девојка, со која таа треба да се справи: умешност во држење на телото, говорење, шминка, фризура и умешност во маневрирање на време и справување со стрес и возбуда.

Правилата се секаде прилично исти. Организаторите прават Мис 7-14 дена во просек и организираат во тие денови разни фотосесии и снимања, како и мини натпревари, а на финалето се одбираат топ 10 за помали, топ 15 за поголем Мис, а он нив секако втора и прва придружничка и победничката. Правилата на однесување се добро однесување во добро психофизичко здравје, професионалност, точност, ангажираност и посветеност на самиот натпревар“, вели Ангела која направи ретроспектива на изборите за убавина на кои била досега.


-Сум била дел од повеќе од 20 избори за Мис, и сите биле интернационални, а за тоа ја користам оваа прилика да му заблагодарам на најдобриот национален директор Роберт Граматиков кој е задолжен за целата организација околу моите избори за Мис. Како најомилени, можам да ги издвојам: „Мис Туризам Интернешнал“ во Куала Лумпур, Малезија, „Мис Топ Модел од д Ворлд“ во Хургада, „Мис Модел оф д Ворлд“ во Дубаи, „Мис Еуроазија“ во Анталија – Турција, „Мис Елит“ во Египет, „Мис Леизр Ворлд“ во Кина.


Ангела е многу снаодлива девојка, за да ја достигне својата цел таа секогаш наоѓа оригинален начин за да успее, па оттаму една многу интересна анегдота од Куала Лимпур, која ја сподели со целата група во Анталија, а сега и со читателите на „Еспресо“.


-Имам доста анегдоти, но како најинтересна би ја издвоила онаа кога ја искористив својата снаодливост за да влеземе во еден познат хотел во Куала Лумпур, каде базенот беше дозволен само за гостите на хотелот. Јас и останатите мисици со круна на главите кажавме дека сме испратени од телевизија да се фотографираме таму, и тоа беше општ хаос но со среќен крај“, се сеќава Ангела.


Освен што е модел и Мис, таа е и сертифициран „мејкап“ артист и бренд амбасадор и косопстеник на брендот „Сиора“ за органска козметика.


-Започна со идејата да се направи промена во изгледот и составот и мирисот на природната козметика во Македонија и тоа го постогнавме. Можам да кажам со сигурност дека ова е првиот македонски бренд за органска козметика кој успеа да е број еден за најуникатни путери и пилинзи, масла, серуми и лосиони во Македонија кој притоа е сертифициран, дерматолошки испитан и не е тестиран на животни, вели Ангела.

За неа е важно да биде среќна и да гледа позитивно на работите и да е опколена со луѓе кои се со убава енергија. Кога е лута, вели дека се „гаси“ од светот додека не се смири и потоа пак е среќна и задоволна со животот. На крајот, ја искоментиравме нејзината популарност на Инстаграм.

-Популарноста на Инстаграм најмногу ми порасна кога почнав да објавувам квалитетни фотографии, видеа, како и фотографии од патувањата од светот кои секојдневно им ги прикажував на моите следбеници. Како позитивна личност како што напоменав, се трудам да гледам позитивно на работите и на негативните коментари гледам како неминовен процес на еден инфлуесер кој при издвојувањето од толпата одлучил да се слуша себеси и да избере своја насока во животот. Оние што ме следат и ми даваат позитивни коментари, се трудам да им вратам, да ги поддржам и нив на било каков начин, бидејќи сметам дека доброто секогаш се враќа со добро“, ни раскажа Ангела.
Досега, Ангела има победено на „Мис Јуропиан Бјути“ (Miss European Beauty), „Мис Фридом ранер ап“ (Miss Freedom runner up), а била прва придружничка на „Мис Јуропиан Јунион“ (Miss European Union).

Фото-приватна архива

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....