18:47 - 6 ноември, 2026

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево вчера прошета и босанската актерка Јасна Орнела Бери, позната и како Јасна Бери.

Нејзиното доаѓање привлече внимание и поради приказната која со децении беше речиси непозната за јавноста, 72-годишната актерка била првата љубов на легендарниот пејач Здравко Чолиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatarna Celje BiH (@zlatarnaceljebh)

Нивната романса започнала на почетокот на 1970-тите во Сараево, кога се запознале во Домот на млади на Скендерија, тогаш важно собиралиште на музичарите, актерите и другите уметници. Јасна јавно проговори за врската со Чолиќ дури многу години подоцна.

– Се запознавме многу млади, одамна. Се дружевме и тука првпат се вљубив. Сите имаме свои први љубови и тој секогаш ќе има еден дел во моето срце кој е резервиран само за него – раскажала таа во едно интервју.

Нивната врска не траела долго, а Јасна подоцна објаснила дека ѝ било тешко да се справи со големиот интерес на обожавателките за тогаш младиот и сè попопуларен пејач.

– Јас бев свесна дека само ќе страдам во таа врска. Не можев да го поднесам тоа и реков дека е подобро секој да го живее својот живот. Тие буквално му седат во скутот, а јас не можев да го гледам тоа – признала таа.

Здравко Чолиќ години подоцна накратко ја коментираше нивната приказна со зборовите: „Можеби прерано се сретнавме“.

И покрај раскинувањето, тие останале поврзани. Актерката рекла дека нивната прва средба по војната во Белград била особено емотивна, а нивната младешка љубов со текот на времето се претворила во долгогодишно пријателство.

– Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“ (Noć mi te duguje). Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Го сакав тој негов нерв, таа искра во окото. Тоа и понатаму е љубов што не можеш да ја помилуваш. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – рекла актерката.

Порано оваа година, Јасна Орнела Бери била и на концертот на Чолиќ во Сараево. Кога ја здогледал во публиката, пејачот се симнал од сцената и топло ја прегрнал.

 

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....