02:28 - 7 ноември, 2026

(Фото) Најубавата Србинка покажа како изгледа без шминка: Од бањата, покриена само со крпа

Една од најубавите жени во регионот, српската водитела Марија Килибарда нема проблем да се фотографира без шминка, а сега на Инстаграм објави видео од бањата каде ја покажа својата утринска рутина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


Водителката се сликала завиткана во крпа и го покажала својот блескав тен, а притоа ја истакнала својата природна убавина.

 

Водителката Марија Килибарда веќе три години е во хармонична врска со Банет Вучелиќ, синот на српската актерка Љиљана Драгутиновиќ, а повеќе не го крие од јавноста, па заедничките фотографии ги објавува на социјалната мрежа.

– Ги надминав своите психички проблеми. Три години траеше моето распаѓање на најситни парчиња. Сè ме болеше, бидејќи не бев она што другите го очекуваа од мене – домаќинка и мајка. Без него немаше толку лесно да го поминам тешкиот период зад нас. За една година поминав повеќе време со него и доживеав повеќе размени отколку со кој било поранешен партнер во долги врски. Со самото тоа сè побрзо исплива на површина, и убаво и грдо. И знаев дека, ако ги поминеме првите неколку месеци од карантинот, тоа ќе биде убава, стабилна врска – изјавила тогаш Марија за „Стори“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....