16.8 C
Скопје
23:56 - 8 мај, 2024

(ФОТО) НАЈСТАРО И НАЈСТРОГО ШКОЛО ЗА ДЕДО МРАЗОВЦИ: Не секој може да го заврши, ама оттука излегувате како вистински професионалец, погледнете кои се предмети се учат!

За годинава е доцна, но за догодина- оние кои се стремат да го интерпретираат ликот на Дедо Мраз во претновогодишната сезона, низ светот има десетици места каде што можат да го изучуваат занаетот. Но, една работилница е на врвот на листата на желби на секој Дедо Мраз: Училиштето Чарлс В. Хауард Дедо Мраз во Мидленд, Мичиген.

Станува збор за едно од најселективните и најстарите училишта на Дедо Мраз во светот.

instagram

ОСНОВАНА Е ОД ВИСТИНСКИ ДЕДО МРАЗ ПРО.

Чарлс В. Хауард првпат го играше Дедо Мраз во училишна претстава кога беше четврто одделение. Тоа беше улога која никогаш не ја изневери – тој продолжил да го „глуми“ Дедо Мраз во следните две децении, а работел и како „консултант на Дедо Мраз“ за филмот Чудота на 34-та улица од 1947 година.

Хауард го сакаше духот на Дедо Мраз и сакаше другите Дедо Мразови кои работат во стоковните куќи во земјата да бидат уште попрофесионални, уште подобри, сметајќи дека некои од ликовите на Дедо Мраз се прилично груби, дека пушеле и пиеле. Затоа почнал да држи тренинзи за Дедо Мраз кои се случувале во дневната соба на Хауард, но подоцна работилницата се преселила во реконструиран амбар.

ШКОЛОТО РАБОТИ  81 ГОДИНА ВО КОНТИНУИТЕТ

Училиштето за Дедо Мразовци Чарлс В. Хауард годинава ја одбележа својата 81 година од постоење. Часовите се одржуваат во Мидленд, Мичиген, а седиштето е во една весело-зелена куќа на Дедо Мраз во дизајнирана во „скандинавски стил“, која има мирис на нане и дише во ритамот на звуците  на џуџињата кои напорно работат.

Секоја година, околу 200 Дедо Мразовци, вклучувајќи и неколку Дедо Мразици, посетуваат настава во Мидленд – но не секој што аплицира е прифатен!

Ко-деканот Холи Валент ја прави селекцијата, односно ги отфрла Дедо Мразовците кои не се заинтересирани за деца или за пеење, односно на листата не можат да се најдат оние Дедо Мразовци кои сакаат да станат Дедо Мраз само поради бизнис.

Секоја година дополнително има и околу 40 потенцијални Дедо Мразовци на листа на чекање.  За среќа, работилницата во Мидленд не е единственото училиште на Дедо Мраз, туку има и друго – под Северниот Пол – во Алберта, Денвер, Атланта и во други градови. Па така одбиените Дедо Мразовци можат да си ја пробаат среќата во некое друго училиште.

instagram
instagram
instagram
instagram
instagram

СЕ УЧИ И ДЕТСКА ПСИХОЛОГИЈА КАКО МНОГУ ВАЖЕН ПРЕДМЕТ

Најважниот аспект да се биде добар Дедо Мраз е да научите како искрено да слушате најразлични деца. Имено, морате постојано да одите на прсти, бидејќи никогаш не знаете што ќе ве прашаат децата. Па така, курсот за Дедо Мраз предвидува и часови по детска психологија од страна на експерти, кои учат и корисни трикови како да се справите со пргави деца, расплакани деца, деца кои се плашат од Дедо Мраз, и многу повеќе.

Дедо Мразовците дури учат и основен знаковен јазик.

МОРА ДА ГО НАУЧАТ И ХО-ХО-ХО СМЕЕЊЕТО

Бидејќи секој Дедо Мраз мора да се подготви за настап на радио или ТВ интервјуа, голем дел од програмата се фокусира на учење на учениците како да изградат автентична личност. На пример, им се советува да создадат приказна за нивните „џуџиња“, извлекувајќи имиња и карактеристики од децата и внуците во нивните кругови.

instagram
instagram

Понатаму, тие учат како да се испорача срдечна, но избалансирана Хо Хо Хо насмевка. Таа мора да е блага и никако не насилна и бучна.

А потоа, следуваат и часови по пеење.

Но и тоа не е доволно. Да се биде Дедо Мраз бара да бидеш глумец со цело тело – а тоа значи да го усовршиш веселиот ритам на големиот човек.

Оттука програмата вклучува и часови по движење. За овие часови е задолжена фитнес инструкторка и вклучуваат од движење па се до потскокнување и танц.

А потоа следуваат и часови по завиткување подароци, печење колачиња и полнење на чорапи со бомбони….

И тоа не е се – се учат и јога вежби и вежби за дишење. И откако сите овие испити ќе ги положите, ќе добиете сертификат за професионален Дедо Мраз.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ бос пешачи кон Грција: Пејачот откри што ќе се случува утре, на 18-тиот ден

Еспресо

Бресквица згрозена од настапот на Ирска на Евровизија: „Сакав да премолчам, но не можам… што е ова?“

Еспресо

Синот на Ведрана Рудан: „Таа не е депресивна поради ракот“

Еспресо

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Еспресо

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо
Се вчитува....