7.8 C
Скопје
20:28 - 31 март, 2026

(Фото) Најмалку седум лица загинаа во пукање во Хамбург: Постои сомнеж дека сторителот е мртов

Во квартот Алстердорф во Хамбург се случи крвопролевање во црквата на Јеховините сведоци, кога беа убиени неколку луѓе. Кобните истрели биле испукани вчеравечер околу 21 часот, а според информациите на БИЛД, сторителот или сторителите побегнале, но новите информации велат дека постои сомнеж дека сторителот е мртов.

Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата на Јеховините сведоци во кој беа убиени седум лица како изолиран инцидент, јави агенцијата ДПА.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот пронашла мртво лице за кое веруваат дека би можело да биде напаѓачот.

Се уште не се познати мотивите за нападот. Непознат сторител застрелал најмалку седум лица и ранил неколку други во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург. Полицијата пријавата ја добила околу 21 часот и 15 минути.

Полицајците кои влегле пронашле луѓе кои „биле сериозно повредени од огнено оружје, а некои биле убиени“, рече Холген Фереин, портпарол на полицијата.

Претходно, полицијата преку апликација за тревога ги повика жителите да се засолнат и да не излегуваат од куќите се додека сторителот или насилниците се во бегство. „Барајте засолниште што е можно побрзо“, се вели во пораката.

Воедно се апелира до граѓаните да не шират лажни вести преку социјалните мрежи. Местото на нападот е опколено од полицијата, а таму сега се и специјалните единици.

 

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....