6.8 C
Скопје
09:09 - 1 април, 2026

(Фото) На Макфест, згодната Симона Поповска отворено за корекциите: „Имам ботокс и филер, немам против силикони на гради“

Симона Поповска на втората вечер на Макфест се појави во ангелска креација на модниот дизајнер Златко Јовановски – JZJ,  со мини должина, пердуви и крилја во светло-кафена нијанса, а модот изглед го заокружи со соодветни светкави чевли на висока потпетица.

Згодната Охриѓанка се врати на музичката сцена во полн сјај, откако се омажи и роди две деца поради кои направи пауза од музиката. За себе вели дека е Охриѓанка од Скопје.

Колку често одиш во Охрид?

– Искрено да ви кажам не често зашто поради обврските не можам. Во Скопје сум од 2010 година, студии, работа..

(За оние кои не се во тек, оваа убавица не е моделка туку докторка по дерматовенерологија, вработна на Кожената клиника во „8 септември“ во Скопје).

Имаш ли естетски корекции на лицето и телото? 

– Секако, на себе имам ботокс и имам филер на усните за зголемување. Само толку интервенции сега за сега.

Доколку имаш потреба за коркција на гради, би го направила тоа?

– Да, секако, јас сум дел од тоа, сметам дека денес треба да се оди напред и во чекор со медицината, зашто ако имаме можност да направиме некоја естетска корекција на себе и да го застанеме времето, посебно ние жените, зошто да не го направиме тоа.

Претходно направи подем во кариерата, а потоа еден период се повлече од сцената, зошто?

– Поради две златни дечиња, Никола и Стефан.

Се омажи за сопственикот на бутикот „Сињори“, колку брачниот стстус ти донесе промена на професонален план?

– Секако дека да. Особено бременоста, кога мораме да се повлечеме и да уживаме во тие денови зашто не се враќаат. Не жалам воопшто за тоа што сум направила пауза и буквално го искористив тој момент, како корона карантин, значи бев дома. А во однос на тоа колку бракот ме смени, можам да кажам дека добро е што и мојот сопруг е од шоубизнисот, па затоа и ме разбира и ме поддржува во сè ова што го работам и правам, инаку не би биле заедно. Затоа што не сум жена која би можеле да ја затворите дома, која би можеле да ја отргнете од активностите…темпераментна личност сум која е научена секогаш да работи, да имам обврски и да одам на некое повисоко ниво и скалила.

Кога сме кај следното ниво, кои ти се следните соништа?

– Следните соништа ми се да направам албум, но онаков каков што јас сакам, со оние песни коишто мислам дека се за мене. И да напрвам концерт во иднина.

Концерт во Скопје, или целиш кон прострите на поранешна Југославија?

– Па прво, би кажала, за домашната публика, затоа што сакам тие да ме прифатат онака како што сум замислила, па потоа се разбира ќе целам и кон повисоки скалила.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....