2.8 C
Скопје
18:47 - 21 февруари, 2026

(Фото) На Макфест, Марјана Станојковска блесна во секси креација: „Носам конфекциски број 36“

Речиси се навикнавме да ја гледаме раскошната убавица Марјана Станојковска на бината на Макфест, ова е нејзин осми пат во улога на водителка на фестивалот. Така, и денес таа го покажа своето извајано тело (секако и водителските вештини), облечена во бела, секси креација, разиграна со сребрени детали и сребрен топ кој ги прекрива градите. Креацијата е од Јасмина Дракул.

„Годинешниот Макфест, можам да кажам, дека е навистина подобар од годините наназад, изведувачите се одлични, а годинава имаме и врвни музички имиња, на пример, Владо Јаневски повторно го гледаме на Макфест после 30 години, потоа двократната победничка Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, и други доста атрактивни музички имиња“, вели Марјана и додава дека и е драго што и годинава е водителка на популарниот музички фестивал.

Вели дека веќе има композиции од годинешното издание на Макфест кои цел ден ги потпевнува, мелодии кои ѝ влегле во уво.

„Најважно е која композиција ќе се слуша во текот на годината“, нагласува таа.

На прашањето како ја одржува витката линија, ни одговара дека тоа е заслуга на мајката природа.

За љубопитните, Марјана носи конфекциски број 36.

Потсетуваме, убавата водителка на првиот фестивалски ден беше облечена во црвена светкава креација, исто така од Ателје Дракул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....