8.8 C
Скопје
19:12 - 29 март, 2026

(Фото) На колена во манастир се молел да оздрави блиска личност која е во количка – Маја откри досега непозната приказна за Тоше

Маја Павловска е наша познат текстописец, а меѓу другите хитови, таа ја има преведено песната „Магија“ која Тоше Проески ја испеа заедно со легендарната Есма Реџепова. Таа долги години живее во Утрехт, Холандија, страда од ретката болест со дијагноза Myelopoliradiculoneuritis.

Павловска, позната по прекарот Маја Ангел е инаку уметница и изработува накит, и покрај тоа што е во количка и не може да се движи, одржува успешни изложби во Холандија и во други е европски градови.

Таа е исто така блиска пријателка со Лидија Кочовска, и за неа има пишувано текстови, а еден од нив е за автобиографската песна „Болна вистина“.

Маја Павловска е успешна уметница во Холандија Фото/Фејсбук

Кобниот ден за Маја е 14 февруари во 1991 година. Таа на празникот Св. Трифун и Св. Валентин добила тотална парализа, квадриплегија, само за неколку минути откако се разбудила и во само десетина минути ѝ се променил животот. Болеста го нападнала `рбетниот мозок и направила оштетување на неговата обвивка и ги оштетил сите корени на нервните завршетоци долж целиот `рбет.

Денеска е верскиот празник Свето Преображение. Познато е дека Тоше Проески многу вложуваше во манастирот Св. Преображение во Крушево, тоа место беше неговиот духовен храм. Маја во објава на Фејсбук денеска се присети на Тоше и сподели еден емотивен спомен:

„Точно 19 години од нашата заедничка посета на Манастирот Св. Преображение… Како вчера да беше, а толку многу работи се случија во меѓувреме. Никогаш нема да го заборавам Св. Преображение, 19.08.2006 во Крушево, особено моментот кога со очи полни солзи, на колена се молеше за мое оздравување. Каде и да си, засекогаш ТУКА СИ, Тошки. Те гушкам силно, сонце мое!“, напиша Маја на Фејсбук.

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....