11:45 - 6 април, 2026

(Фото) Моника Белучи и Тим Бартон во љубовен занес во Лондон: Романтична вечера за вљубените на зрели години

Актерката Моника Белучи и режисерот Тим ​​Бартон беа мета на папараците кои ги „уловија“ во Лондон како се држат за раце излегувајќи од ресторан каде биле на романтична вечера, пренесува Дејли меил.

принтскрин

Моника Белучи (58) и Тим Бартон (64) се држеа за раце додека излегуваа од ресторан во центарот на британската престолнина.

Актерката беше облечена во црн костум, и црни сандали со високи потпетици украсени со леопард принт, додека нејзиниот љубовник исто така беше облечен во црна модна комбинација.

За прв пат, за врската на Моника Белучи и Тим Бартон се шпекулираше во март 2023 година, откако францускиот весник Paris Match објави фотографија од „уловените“ ѕвезди во Париз, на насловната страница. На крајот на јуни, актерката даде долго интервју за магазинот Ел Франција, во кое потврди дека излегува со режисерот.

„Што да кажам… Пред се, мило ми е што го запознав овој човек. Ова е едно од оние познанства што ретко се случуваат во животот. Го познавам овој човек, го сакам“, изјави неодамна Белучи.

Пред романсата со Тим Бартон, Моника Белучи беше во брак двапати – со фотографот Клаудио Карлос Басо и актерот Винсент Касел. Од вториот брак, актерката има две ќерки: 12-годишната Леони и 18-годишната Дева.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....