06:24 - 12 март, 2026

(Фото) Мито во Брисел: Која е убавицата Ева Каили во чиј дом се пронајдени „вреќи со банкноти“

„Вреќи со банкноти“ биле пронајдени во домот на Ева Каили, потпретседателка на Европскиот парламент при претреси на судската полиција.

Белгискиот весник L’Echo пишува дека податоците ќе објаснат и зошто Каили е приведен и покрај тоа што има пратенички имунитет: според внатрешната регулатива на ЕП, имунитетот пропаѓа во случај на флагрантен деликт, пишуваат италијанските медиуми.

Во скандалот со наводното мито се вмешани и шест Италијанци, кои се уапсени, додека истражните извори ја задржуваат најголемата доверливост.

Во куќата на Ева Каили наводно биле пронајдени торби полни со готовина. Таканаречениот „флагрантен деликт“ е токму единствената причина што ѝ дозволува на судската власт да приведе европратеник без претходно да добие овластување од Европскиот парламент за суспензија на неговиот имунитет.

Износот на парите се уште не е измерен. „Ехо“ јавува дека и таткото на Каили бил приведен во полициската станица, кој исто така се обидувал да замине со торба полна со банкноти.

Неодамна, различни интернационални медиуми Каили ја врбојуваа во топ 10 најубави европски политичарки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Kaili (@evakaili)

Ева Каили (42) е претставничка во Европскиот парламент на Панхеленското социјалистичко движење (ПАСОК) и претходна восителка на ТВ вести. Родена е во 1978 година во Солун, Грција. 

Таа беше најмладата пратеничка во партијата ПАСОК. 

(Фото) Топ 10 најубави политичарки во светот во моментов

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....