07:47 - 5 април, 2026

(Фото) Милан Станковиќ објави досега невидено видео: Пејачот полека излегува од илегалa, ги изненади сите!

Српскиот пејач Милан Станковиќ градеше успешна музичка кариера по учеството во музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“, но пред неколку години реши целосно да се повлече од естрадата.

Имено, тој се посветил на религијата, а српските медиуми дури пишуваа и дека сака да се замонаши и дека е искушеник во манастир. Милан долго време не се појавува во јавноста, а исто така ретко се огласува на социјалните мрежи.

Сепак, дури и кога се огласува на Инстаграм, тоа се најчесто фотографии и видеа од манастирот или духовни пораки. Меѓутоа, Милан сега направил исклучок, па во својата инстаграм-приказна додал видео во кое е означен.

Имено, станува збор за видео од 2017 година во кое пејачот држи пехар во рака додека се смее, а личноста која го означила му додала тажно смајли и срце. Тоа сигурно се однесува на фактот што Милан прерано ја прекина својата музичка кариера, односно на кога беше на самиот врв.

Да потсетиме, како што пишуваше во медиумите, Милан сакал да се замонаши во манастирот Подмајне во Црна Гора, а пред неколку месеци се огласиле од манастирот и изјавиле дека тоа не е точно, туку дека повремено престојува со нив таму, заради својот духовен мир.

 

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....