15:14 - 3 април, 2026

(Фото) Милан Станковиќ јавно побара помош за здравствен проблем: Пејачот остана шокиран од одговорите

Српскиот пејач Милан Станковиќ веќе извесно време е посветен на христијанството. Посетува манастири, а своевремено присуствувал и на црковно предавање во Невесиње. Тој подолг период е во центарот на вниманието поради неговата одлука да се посвети на религијата, но честопати може да видиме дека на Инстаграм споделува моменти од неговото секојдневие.

Тој неодамна беше активен на својот инстаграм-профил, па  им се обрати на своите обожаватели за помош за еден здравствен проблем, а одговорите кои ги доби никако не беа очекувани.

Имено, Милан има проблем со синусите, па реши да побара помош на социјалните мрежи, токму од луѓето кои го следат. Наместо некој лек, јасни упатства, во повеќето случаи Милан го прашувале кога ќе се врати на сцената, му пишувале дека им недостига…

„Загреј ја солта, стави ја во чорап и држи ја на синусите“, „Врати се Милан“, Ми недостигаш“, „И песните“, „Врати се на сцената“, „Пеј, излечи не“, се само дел од коментарите.

Милан не знаеше како да реагира, па стави емотикони на секој нивни коментар.

За потсетување, поранешниот пејач Милан Станковиќ пред неколку години се повлече од музичката сцена, а тогаш малку се знаеше за неговиот приватен живот во јавноста. Но, познато е дека тој се посветил на духовниот живот и дека многу време поминува во манастири, каде што наводно бил и почетник.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....