7.8 C
Скопје
19:56 - 20 февруари, 2026

(Фото) Меган Маркл ја украде сцената на јубилејот, облечена во стратешки фустан со симболична порака

За прв пат по „Мегзит“, војводите од Сасекс беа фотографирани заедно со остатокот од кралското семејство во Лондон. Со беспрекорен изглед, во бело, Меган Маркл сакаше да испрати порака со стилот. 

Тоа беше најочекуваниот момент и конечно се случи: Меган Маркл се врати во Лондон со принцот Хари за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета и денеска го направи своето прво појавување меѓу кралското семејство по Мегксит. Многу елегантна во бело – Меган Маркл избра бел палто-фустан со соодветна шапка за да присуствува на свеченоста во катедралата Свети Павле. За војводите од Сасекс тоа е првиот официјален настан заедно со кралското семејство откако се преселиле во Калифорнија: на мисата беа присутни и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но не и кралицата Елизабета, отсутна поради здравствени причини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)

Фустанот на Меган е избран со опсесивно внимание на деталите. Стратешки избор: изгледот, беспрекорен и префинет, не ризикува да привлече критики за претерана екстравагантност или за отстапување од протоколот. Белата боја, за многумина, е симболичен избор: понуда за мир на кралското семејство или начин да се оттргне имиџот на „каприциозна дива“ што ѝ го припишуваат медиумите. 

Инаку, војводите од Сасекс се веќе неколку дена во Лондон: тие оддалеку ја видоа парадата на Trooping The Color, останувајќи настрана од јавноста.
Откако се откажаа од статусот на „вработени членови на кралското семејство“, тие не можеа да ја следат воената парада од балконот на Бакингемската палата, но сепак беа во близина.

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....