5.8 C
Скопје
00:50 - 1 април, 2026

(Фото) Медицински техничар со уметничка душа: Игор Стојановски изработува преубави украси за двор

Игор Стојановски, по професија медицински техничар, има уметничка душа – изработува преубави украси за двор.

– Со изработка на украси почнав пред три години, само за декорација на дворови – ни открива Игор.

Изработува украси во форма на печурки, бубамари, пчелички, тикви, патчиња, мовчиња…

– Ги изработувам од бетон со фасадна боја, вели Игор и додава дека за изработка на еден украс му се потребни 2-3 дена, и дека тоа зависи и од временските услови.

Инспирацијата на Игор е, како што вели, „сите да имаме средени дворчиња за одмарање, за пиење кафе“.

Самоук занаетчија е, но затоа пак, на секој украс што го изработува му вдахнува многу љубов.

Се разбира, дворот на Игор е среден „цакум – пакум“ и секако – убаво украсен со најразлични фигури, а се наоѓа во скопското село Трубарево.

– Секој среден двор би требало да има многу цвеќиња, убаво уреден тревник и по некој украс, а според можностите добро би дошло дворот да има и фонтана и летниковец – вели Игор.

Инаку, Игор е членк на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Игор во Трубарево. 

Фото – привтна архива

(Фото) Креативци на цветните простори; во дворот на Габриела и Дејан каде фантазијата нема граници

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....