19:57 - 9 јануари, 2026

(ФОТО) МАЈКА СИ Е МАЈКА, И СУРОГАТ ДА Е: Фрлени кучиња е честа појава во Македонија, ретка – со ваква среќна ѕвезда

Најновите фотографии од кутрињата кои неодамна беа фрлени на нива од нечовек, под жешкото августовско сонце, и нивната сурогат-мајка Златка, внесуваат надеж дека љубовта е посилна од секоја нечовечност.   

Неодамна, под жешкото сонце на месецот август, жителите на Расадник, Кисела Вода, се соочиле со страшна глетка – осум полуживи кутриња, кои сè уште имале папочни врвки, непрогледани, фрлени на нива. Секако дека крајот би им бил фатален, доколку кутрињата не биле најдени од неколку девојчиња од населбата кои ги зеле и се обиделе да се грижат за нив. Пробале да ги нахранат со млеко од шприц, ги ставиле во кутија, но сепак, на кутрињата им требала мајчина нега, односно кучка која ќе ги надои.

По „акцијата“ на социјалните мрежи во потрага по сурогат-мајка, кутрињата ги презело здружението Асоцијација на активисти за права на животните (ААПЖ). Оттаму велат дека поминале низ вистинска голгота, зашто кога ќе се најдат непрогледани кучиња или мачиња, тие треба да се чуваат исто како бебиња, да се хранат на секои два до четири часа, да се чуваат на топло, да се стимулираат за да вршат нужда, фактички треба да се прави сè што би правела нивната мајка.

За жал, три од кутрињата не успеале да преживеат, додека останатите биле вистински борци кои не сакале да се предадат.

Набрзо, од ЈП Лајка јавиле дека имаат заловено кучка која има млеко и се понудиле за помош.

Судбинскиот расплет станува фасцинантен кога бездомната кучка која пак, претходно, си ги загубила своите малечки, во овие нашуштени кученца нашла своевидна утеха, и ги зела како свои. Имала млеко, ги доела како да се нејзини, сите сместени во ЈП за третман на улични животни „Лајка“.

– Да се најде кучка која има млеко, за да ги преземе малечките, е речиси невозможно, бидејќи најчесто тие препознаваат кои се нивни кутриња и останатите ги одбиваат, сведочат од ААПЖ.

За многу кратко време, сурогат- мајката со име Златка, почнала да ги третира кученцата како да се нејзини и не сакала да се одвои од нив. Ги лижела, и толку се приврзала што не ги оставала сами ни за да оди на кратка прошетка. Јадела во лежечка положба додека ги доела.

Трогнати од оваа приказна се обративме до ЈП Лајка да го проследиме расплетот. Оттаму нè информираат дека „малечките кученца коишто беа веднаш прифатени од страна на нивната сурогат-мајка напредуваат одлично и се наоѓаат во солидна здравствена состојба. Кога ќе ја достигнат соодветната возраст, кученцата треба да бидат комплетно вакцинирани, по што ќе бидат објавени за вдомување“.

Најновите фотографии од кутрињата и Златка се преслатки и внесуваат надеж дека љубовта е посилна од секоја нечовечност и пакост.

 

Фото – Лајка

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....