-3.2 C
Скопје
02:25 - 18 декември, 2025

(Фото) Маган Фокс е преубава, но таа не мисли така за себе, се бори со болест: „Имам телесна дисморфија“

Американската актерка и модел Меган Фокс (37) проговори за своите физички несигурности. Иако секогаш кога ќе се појави пред камерите зрачи со привлечност и ги привлекува погледите на многумина, на Меган не ѝ се допаѓа нејзиното тело.

– Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите – изјави актерката во интервју за Sports Illustrated.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување го споредуваат својот изглед со изгледот на другите, почесто го проверуваат својот одраз во огледалото, бараат уверување од другите за тоа како изгледаат, а од друга страна сами за себе сметаат дека се грди. Деловите од своето тело ги гледаат на поинаков начин од околината и ги сметаат за крајно непривлечни.

-Никогаш во животот не сум го сакала моето тело – истакна таа, пред да додаде дека е тргната на „бескрајно патување“ да се засака себеси.

Фокс призна и дека имала „опсесија“ со своето тело уште кога била дете, но вели дека тоа сигурно не се должи на нејзиното воспитување.

– Дефинитивно не беше под влијание на околината бидејќи пораснав во многу религиозна средина каде што не се прикажуваа телата – изјави Меган.

– Да, имам физичка дисморфија. Имам многу вкоренети несигурности. Можеме да погледнеме некого и да помислиме: „Оваа личност е толку убава, нејзиниот живот мора да биде лесен“. А тие луѓе веројатно не размислуваат така за себе – изјави Фокс во 2021 година во интервју за GQ.

Многумина мислат дека поради ова пореметување ја уништила својата природна убавина со бројни пластични операции, поради што сега изгледа како пластична кукла.

За потсетување, Меган и раперот Машин Ган Кели  (33) се во врска од 2020 година, а се верија во јануари 2022 година. Во февруари годинава почнаа да се шират гласини за раскинување, но странските медиуми пишуваат дека по романтичниот одмор на Хаваи ја хармонизираа врската.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....