1.8 C
Скопје
23:42 - 21 декември, 2024

(Фото) „Липо“ искуство на Весна Антиќ за совршена линија и детоксикација: Еден конфекциски број помалку за само две недели!

Весна за многу краток период „стопила“ пет килограми, успеала да намали во обем 7 сантиметри во струкот и по 5 сантиметри на колковите што претставува еден конфекциски број помалку за само 2 недели.

Весна Антиќ е вториот добитник на „Липо“-подарок (Giveaway). Чуството на надуеност и потреба од детоксикација ја натерале да ја проба програмата на липосукциска исхрана. „По долго време слушање позитивни коментари од мои блики пријатели кои веќе го имаат поминато Липо третманот, учествував во наградната игра за „Липо“ -подарок, односно „гивавеј“. Иако немав некој голем проблем со вишокот килограми, потребата за детокс на мојот организам си ја земаше својата цена“ – ни објаснува Весна.

Што Ве на натера да учествувате во наградната игра Липо-подарок?

– За протоколот на липосукциска исхрана знам одамна, од мои позници кои го конзумирале и имаат позитивни искуства. Кога ја видов објавата за „Giveaway“  се одлучив да учествувам, очекувањата дека токму јас ќе бидам избрана беа многу мали, но ете ми се насмевна среќата. Работата која ја работам бара поголема физичка активност, и работа во смени, кои ми предизивикаат проблем во исхраната.

Липосукциската исхрана направи да се почуствувам подобро во своја кожа. Станав многу поенергична, не чуствував замор и ми помогна во регулирање на крвниот притисок кој последните неколку месеци знаеше да ми предизвика проблем.

Беше ли тешко да се издржи? Што Ве мотивираше?

– Липо третманот започнав да го применувам веднаш, по самото извлекување на наградната игра, кон крајот на месец јули, кога температурите беа доста високи и искрено можам да кажам дека тоа ми помогна потоа да го поминам целиот процес иако имаше денови кога три „Липо“ ќесички ми беа премногу. Во мојот случај вишокот на килограми не претставуваа толку голем проблем, туку потребата за детокс и прочистување на организмот ми беше примарна цел.

Колкав период бевте на овој тип исхрана, и колку килограми успеавте да намалите?

– На Липо третман бев 4 недели, 2 недели третман со „Липо“- ќесички и 2 недели во кои ми беше препишана исхрана која и ден денес ја  применувам бидејќи се чувствувам доволно сита, а воедно се хранам разновидно и здраво. „Симнав“ пет килограми, односно 7% од вкупната телесна тежина. Успеав да намалам во обем 7 сантиметри во струкот и по 5 сантиметри на коковите што претставува еден конфекциски број помалку за само 2 недели.

Како изгледаше еден Ваш ден кога бевте на липосукциската исхрана?

– Денот ми започнуваше со чаша млака вода со еден цеден лимон, потоа следуваше пиењето на првата „Липо“ ќесичка и две таблети „Липо-Бета“. Зависно од денот, по 4 до 5 часа следуваше и втората „Липо“ ќесичка, па по исто толку време и третата. Иако имаше денови кога се чувствував сита и со две „Липо“ ќесички, краставиците кои може да се конзумираат во неограничена количина, ми претставуваа добар „снек“ и освежување во текот на денот. За вечера, се разбира, како што е препорачано – парче месо и зелен зеленчук.

Кому би ја препорачале липосукциската исхрана?

– Липосукциската исхрана би ја препорачала секому. Без разлика дали имате вишок килограми или не, бидејќи не секогаш тие претставуваат најголем непријател на нашиот организам. Со липосукциската исхрана можете да си помогнете во многу други процеси кои му штетат на организмот, како прејадување, киселини предизвикани од лоша исхрана, неправилна исхрана. Во мојот случај третманот ми овозможи убав детокс и прочистување, а тоа му треба на секој од нас најмалку еднаш годишно.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....