3.8 C
Скопје
07:20 - 21 декември, 2024

(ФОТО) Линда Евангелиста НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: „Вака ме УНИШТИ третманот за слабеење“

Линда Евангелиста повеќе не сака да се крие: во ексклузивното интервју за Пипл таа се разголи за прв пат по операцијата што ја обезличи.

Супермоделот неодамна конечно позираше и покажа колку пластичните операции може да наштетат. Таа ги покажа и раскажа своите страдања кои нејзиното тело и ум ги претрпеле поради катастрофалните резултати од операцијата за отстранување на вишокот маснотии од некои делови од телото.

Процедурата „CoolSculpting“ или криолиполиза која ги замрзнува мастите и овозможува нивно елиминирање, изведена пред неколку години, всушност остави ретки, но сериозни несакани ефекти кај некогашната најубава жена во светот која целата своја кариера и имиџ го изгради токму на убавината!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Линда, откако наполни 50 години, беше подложена на седум сесии на криолиполиза помеѓу август 2015 и февруари 2016 година и по само три месеци почна да забележува сомнителен оток особено во пределот на бутовите, брадата и градниот предел, токму онаму каде што сакаше да интервенира за да го намали обемот.

Гледајќи дека ситуацијата се влошува, таа се обиде да држи строга диета и да тренира со уште поголем интензитет, до степен до изгладнетост и – супеа да ослабне но без никакви подобрувања во изгледот!

Кога прашала што се случува и побарала лекарска помош, лекарите речиси веднаш ѝ дијагностицирале парадоксална масна хиперплазија, самото име прилично објаснува многу нешта: тоа е неочекувано зголемување на масните клетки во третираните области! Несакан ефект кој влијае на 0,005% од луѓето кои се подложени на CoolSculpting, односно криолиполиза, кој како и сите третмани, иако е безбеден и загарантиран, може да предизвика дури и непредвидливи реакции на телото, како во овој случај.

Линда Евангелиста сега е делумно изобличена бидејќи има отоци кои можат да се отстранат само со друга операција. Супермоделот, по ова изобличување направи и липосукција, со акцент на вратот за да ги елиминира највпечатливите знаци, но сепак, ни тоа не помогна сосема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Поминаа шест години од драматичната интервенција и Линда Евангелиста изјави за Пипл дека повеќе не може да се гледа во огледало бидејќи не се препознава. Таа беше персонификација на концептот за убавина и совршенство во 90-тите, дотолку што дури и Ана Винтур изјави дека ниту еден модел не е посупер од Линда. 700 насловни страници, стотици модни ревии, музата на Карл Лагерфелд во времето на Шанел и на фотографот Стивен Мајзел: таа што сакаше да покажува, денес дури и се плаши да се сретне со некој што го познава. Ефектите врз нејзиното ментално здравје биле исто толку поразителни како и врз нејзиното тело, факт што доведе до тоа да се крие и да се срами!

Иако поднела тужба против компанијата која го оравела третманот CoolSculpting, (Zeltiq Aesthetics Inc.), и побарала отштета од 50 милиони долари, веќе ништо не може да ѝ го врати спокојството од минатото. Но, одлуката да излезе во јавност и да ја прекине тишината и да го покаже своето уништено тело била поттикната од желбата да си ја врати самодовербата, но и да им помогне на луѓето кои денес живеат во ситуација како нејзината, да им даде глас со нејзиното сведочење на сите оние кои се чувствуваат заробени во тело кое не го препознаваат.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....