22:12 - 6 ноември, 2026

(Фото) Лепа Брена вовлечена во сајбер измама: Во лажна реклама ја направиле тешко болна од дијабетес

Лепа Брена повторно се најде на мета на интернет измамници кои го искористија нејзиниот имиџ за да продаваат лекови за дијабетес со кои таа нема апсолутно никаква врска.
Ова не е првпат Брена да им нагласува на своите фанови дека не рекламира одредени производи и покрај тоа што нејзината фотографија е поставена со нив.

Сега покрај нејзината фотографија, на оваа нова реклама која ги преплави социјалните мрежи, стои и измислено интервју на пејачката.

– Секој што ќе ја прочита оваа статија ќе се ослободи од дијабетес за кратко време! Дијабетесот повеќе не е проблем! Лепа Брена конечно го излечи шеќерот, па реши да го сподели природниот метод, јавно и бесплатно. Прочитајте – пишува на почетокот на огласот, а потоа продолжува:

– Сакам да ви кажам како самата се борев со оваа болест. Решив да кажам сѐ искрено, бидејќи темата е многу деликатна. Пред околу една година почнаа да се појавуваат првите знаци на болеста. Пред неколку месеци отидов на лекар. Тој потврди дека имам дијабетес тип два. Ми рече дека итно треба да го лекувам – пишува меѓу другото во лажното интервју, а потоа наводно Брена објаснува како се борела со дијабетесот со помош на некоја лекарка и одреден лек и ги повикува сите да го купат овој лек што поскоро, како би им „помогнал“ исто како на неа.

Ова не е прв пат некој да се обиде на ваков начин да го злоупотреби ликот и делото на Брена. Таа еднаш даде изјава во врска со пријавата што ја поднела против компанија која го злоупотребила нејзиниот имиџ за да рекламира препарат за третман што таа никогаш не го користела.

– Почитувани следбеници, сакам да ве информирам дека во јавноста се рекламира препарат кој го користи мојот имиџ без моја дозвола, прикажуваат интервју кое никогаш не сум им го дала и рекламираат производ што никогаш не сум го користела. Затоа ве предупредувам и ве известувам дека никогаш не сум бил лекувана со истиот препарат. Поради лажното рекламирање на овој препарат ќе ги поднесам сите можни законски санкции. Ве сака вашата Брена – напиша тогаш пејачката на својот профил на Инстаграм, но очигледно историјата се повторува.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....