6.8 C
Скопје
04:34 - 21 февруари, 2026

(Фото) Критики за Меган Маркл, ја отвори есенската сезона во скапа модна комбинација: Непрактичен избор за температура над 21 степен

Додека принцот Хари е во Токио, неговата сопруга Меган Маркл ја напушти летната сезоната во Монтесито. Војвотката од Сасекс се појави на улица облечена во капут Макс Мара (модел Располи) од 1.625 долари во камила нијанса, кашмирски шал со принт во бела, сина и кафена нијанаса од Хермес, (во продажба е по цена од 1.225 долари), и бели панталони. Маркл го надополни својот изглед со светло-кафени сандали од Шанел вредни околу 1.150 долари, ремен од Живанши од 450 долари и бела Гојард чанта од 1.650 долари.

Со оглед на тоа дека температурата е над 21 степен, скапиот моден избор на војвотката, иако врвен, изгледаше прилично непрактичен.

Пред само неколку дена, Меган присуствуваше на концертот на Тејлор Свифт на стадионот SoFi во Инглвуд, Калифорнија со пријателката Луси Фрејзер.

Додека таа ужива во осаменоста, нејзиниот сопруг и неговиот поло – пријател Игнасио „Начо“ Фигуерес го поминуваат времето во Јапонија, а медиумите неодамна известија дека барале и подароци за своите сопруги.

Во Токио, принцот Хари зборуваше на самитот организиран од Меѓународното друштво за промоција на спортот (ISPS) во средата. Тој позираше пред фотографите со основачот на ISPS, Харухиса Ханда. Познато е дека војводата од Сасекс по Јапонија ќе замине во Сингапур за да игра поло на Sentebale ISPS Handa Polo Cup.И таму ќе престојува без сопругата.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....