9.8 C
Скопје
21:52 - 17 март, 2026

(Фото) Креативци на цветните простори; во дворот на Габриела и Дејан каде фантазијата нема граници

Габриела Богдановска работи во „Зегин фарм“ како технички службеник. Но во слободно време голема страст ѝ се цвиќињата, па оттука не нè чуди што дворот на Габриела е вистинско цветно царство.

Дејан и Габриела се и големи креативци. Тие изработуваат и украси од дрво, па оттука и во нивниот двор редовно прават измени и го освежуваат со новитети. Фото – приватна архива

Дворот се простира на околу 400 метри квадратни и се наоѓа во Кадино, општина Илинден.

Помош и голема поддршка за оваа убавина добива од сопругот, Дејан, заедно му посветуваат внимание и грижа на дворот секојдневно по околу два часа. Не е мала работа, признаваме!

Во ова цветно царство има повеќе кралици и принцези – сурфинии, темјанушки, питунии – сите од нивно производство, а тука се и викните, пустинската роза, розите, билберис, гаура, фуксии, сардели, калиопи, зимзелени дрвца…

Дејан и Габриела, згора на тоа, се и големи креативци. Тие изработуваат и украси од дрво, па оттука и во нивниот двор редовно прават измени и го освежуваат со новитети.

Габриела ги советува сите оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, да почнат од поотпорно цвеќе како сарделите, нагласувајќи дека лозестите малофи се најлесни за одржување.

Инаку, Габриела е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Габриела и Дејан во Кадино.

Фото – приватна архива

(Фото) Докторка по медицина, „докторка“ и за цвеќиња: На гости кај Васка Трајкова во бајковитото село Мокрино

Слични објави

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....