4.8 C
Скопје
07:55 - 27 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува афричка жештина, проверете кога

– Под влијание на циклонска активност, денес и понатаму времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски од вчера и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, додека максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.
Според Попоски, во следните денови времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, повторно ќе бидат во пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....