7.8 C
Скопје
17:49 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) КРАЛСКИ ИЗГЛЕД НА ДЕНОТ: Кралицата Елизабета позира во друштво на нејзината ГОЛЕМА ЉУБОВ

На нејзиниот 96-ти роденден, најдолговечната кралица во историјата (70 години владеење) беше фотографирана покрај коњите – животни кои заедно со кучињата корги-  најмногу ги сака во светот:

Снимката, објавена на Инстаграм профилот на кралското семејство, е направена од фотографот Хенри Далал минатиот месец во паркот Виндзор и е нарачана Ројал Виндзор Корс, со цел да го прослави платинестиот јубилеј и 96-годишнината на кралицата Елизабета. Симболична слика: од 1943 година кралицата никогаш не пропуштила коњски трки.

Кралицата на фотографијата позира, како и секогаш, со блага насмевка. Усните ѝ се само прекриени со многу природна нијанса на кармин. Белата коса ѝ е фиксирана со лак. Таа стои меѓу два чистокрвни бели коњи на кои им ги држи уздите. Облечена е во елегантна црна нијанса, во комбинација со пар рамни чевли. Како што знаеме, Елизабета Втора има асистент кој ѝ ги омекнува чевлите за да избегне непријатност во стапалото.

Инаку, кралицата е голем љубител на кармини. Се вели дека во нејзината чанта секогаш носи кармин со светли нијанси – розова или циклама.

Страста кон коњите е позната уште кога го добила првото пони како дете. Да не станеше кралица, таа секогаш нагласуваше дека би сакала да живее на село со коњи и корги.
Во моментов има коњи од Виндзор Греј, одгледувани од кралското семејство од 19 век, и коњи од заливот Кливленд.

Кралицата Елизабета Втора денеска полни 96 години: Ја викале Лилибет, лицето ѝ е на 35 валути, вози без возачка дозвола, не поднесува кромид и лук

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....