5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

(Фото) Костадиновска Стојчевска во Ватикан во миди фустан и вел, креација на Папаз

Министерката за култура во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз.

Македонската делегација предводена од  ја започна официјалната и работна посета во рамки на одбележувањето на 24 мај- Денот на македонските и се словенски просветители Светите Кирил и Методиј.

– Свечениот ден кога голем дел од Европа ги слави светите браќа Кирил и Методиј, за македонската делегација во Ватикан е возвишен и со аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Почитувајќи го строгите правила и протокол таа носеше фустан и вел соодветни за овој настан од македонскиот моден дизајнер Папаз и бисери од Филеви.

– Фустанот е со прикладна должина изработен од кашмир и свила, збогатен со рачно извезена памучна чипка, нанесена низ цела креација. Силуетата е строга и прочистена, истакната со пеплум а сите детали се минимализирани, појаснува македонскиот моден дизајнер Папаз.

Тој додава дека удобноста и изградениот  вкус на министерката беа во фокусот на вниманието при смислувањето на дизајнот.

-Целта беше да се создаде креација која ќе плени со својата едноставност и квалитет. Велот е изработен од свилен жоржет, кој со својата леснотија и провидност дава елегантен ефект и е прикачен за венче изработен од истата чипка која ја има на фустанот, додава Папаз.

„На аудиенцијата кај Неговата светост Папата Франциск, македонската делегација сподели пораки за надеж и просперитет во духот на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, а свеченоста ја облагородивме со автентични подароци од нашата земја, како: рачно изработен калиграфски фрагмент од Пофалното слово на св. Климент Охридски за четвртиот римски папа Климент Први, бројаници со филигран од прочуениот охридски бисер и со неодамнешното реиздание на двојна компилација на најдоброто од Влатко Стефановски, како соло уметник и некогашен водач на една од најголемите рок-групи што ја прославија македонската музика низ светот, „Леб и сол““ – напиша Бисера Костадиновска Стојчевска на својот Фејсбук профил. 

(ФОТО) Шик изглед на министерката Тренчевска; акцент на веселата марама

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....