2.8 C
Скопје
19:46 - 20 декември, 2024

(Фото) Која е Карен Мекдугал, уште една потплатена убавица да молчи за врската со Трамп: Ѝ се извини на Меланија, „жал ми е за тоа што го направив“

Покрај порно ѕвездата Сторми Даниелс, уште една жена била платена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ѝ го купи молкот. Обвинителот уште на почетокот на април зборуваше за „Жена 1“: а тоа е Карен Мекдугал, поранешна манекенка (зајчица) на Плејбој, која, како и Сторми Даниелс, тврдеше дека имала врска со тајкунот, која траела десет месеци. Трамп повторно негира. Но сега Мегдугал стана уште погласна, па деновиве повторно е актуелна во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen McDougal (@karenmcdougal)

Но, која е Карен Мекдугал? Родена во Гери, Индијана, во 1971 година (денес има 52 години), таа се преселила во Мичиген како дете и почнала да се занимава со манекенство и да учествува на натпревари за убавина покажувајќи се во костими за капење во нејзините 20-ти години. Таа се приклучи на Плејбој тимот девојки,  беше зајчица на месецот декември 1997 година, зајчица  на годината во 1998 година и беше избрана за една од најубавите жени од 90-тите, како Памела Андерсон. Таа подоцна работеше како фитнес модел: беше првата жена што се појави на насловната страница на списанието Men’s Fitness во 1999 година. Таа, исто така, снимила неколку ТВ реклами и играла помали улоги (се појавила во филмот Чарлиевите ангели од 2000 година).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen McDougal (@karenmcdougal)

Според Њујоркер, во 2006 година Карен Мекдугал го запознала Доналд Трамп во вилата на Плејбој во Лос Анџелес, каде што тој снимал епизода од неговото тв шоу The ​​Apprentice. Карен рече дека поранешниот претседател, кој тогаш веќе беше во брак со Меланија, „веднаш ми се допадна, продолжи да разговара со мене, ми кажа колку сум убава“. Жената тврди дека во десетте месеци од врската го сретнувала својот љубовник „најмалку пет пати месечно“ и, зборувајќи за CNN, ја опишала врската како „приврзана и консензуална“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen McDougal (@karenmcdougal)

Во 2016 година, пред претседателските избори, г-ѓа Мекдугал потпиша договор вреден 100.000 долари за да ја раскаже својата приказна исклучиво за таблоидот National Enquirer, но Трамп преку свои моќни пријатели ургирал да се стопира објавувањето на приказната, а за да ја замолчи Карен ѝ платил 150.000 долари но преку списанието (таблоидот).

Во 2021 година, Федералната изборна комисија на САД, задолжена за спроведување на законот за финансирање на кампањата, утврди дека издавачот на National Enquirer ги прекршил изборните закони со тоа што плаќал хонорар за приказната на Карен Мекдугал без воопшто да ја објави. Според обвинителите, Трамп не сакал врската да излезе во јавност „бидејќи бил загрижен за ефектот што може да го има врз неговата кандидатура“. Таблоидот е казнет со 187.500 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen McDougal (@karenmcdougal)

Во 2018 година, Карен Мекдугал јавно ѝ се извини на сопругата на Трамп, Меланија: „Жал ми е. Не сакав да ви направам штета. Кога ќе погледнам наназад каде бев тогаш, знам дека згрешив. Навистина ми е жал поради тоа“.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....