18:06 - 13 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Драгана Мирковиќ се огласи: Мануела јавно откри што мисли за снаата, Марко веднаш мораше да реагира…

Мануела Бјелиќ, ќерката на српската пејачка Драгана Мирковиќ, мошне помалку се експонира во јавноста од нејзиниот брат Марко, кој во последните месеци често објавува на социјалните мрежи.

Марко е многу активен на социјалните мрежи, а вниманието го привлекува и поради романсата со убавата Мелани Димитријевиќ.

Сите заедно неодамна престојуваа во Дубаи, каде Драгана имаше успешен настап во еден од најелитните и најскапите локали во градот, а потоа го прославија и роденденот на пејачката. Колку добро се забавувае можевме да видиме на инстаграм-профилот на Драгана, а Марко не се двоумел да објави интимни фотографии со својата девојка на кои разменуваат бакнежи. Мануела токму на една ваква фотографија го напиша својот коментар покажувајќи дека многу ѝ се допаѓа снаата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARKO (@markobjlc)


„Најслатки“, напишала Мануела, заедно со три емотикони со срце, а брат ѝ веднаш возвратил на сличен начин.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ, инаку е горда на тоа што нивните наследници се врзани со неа.

– Моите деца не се оптоварени со моето име. Децата првенствено се врзани за мене, а јас тоа го чувам љубоморно. Тие се мојот најголем успех – изјавила пејачката во една прилика за своите деца.

– Среќна сум што ги имам такви какви што се, кои мислат правилно! Никогаш не сум имала проблеми со нив – додала Драгана за хрватски „24сата“.

 

 

Слични објави

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....