15:52 - 18 март, 2025

(Фото) Кејт Мидлтон пие пиво, а сите забележаа дека одамна не била толку расположена!

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон со широка насмевка наздравила со чаша пиво „Гинис“ на традиционалната парада на ирските гардисти на Денот на Свети Патрик. Кејт во опуштена атмосфера по службените обврски седнала меѓу војниците, ја кренала чашата и полека го испила темното пиво, уживајќи во моментот.

Додека гардистите ѝ наздравувале со гласно „Да живее полковничката!“, Кејт возвратила со насмевка, а сите се насмеале кога таа не успеала да го „раздели Г“, познатата пивска вештина при пиењето „Гинис“.

„Да го разделиш Г“ (Split the G) е фраза што се користи кога се пие „Гинис“ (или кое било друго пиво што има големо лого со „Г“ на чашата). Трикот е во тоа пивото да го пиете точно така што нивото на пена/пиво да биде точно во средината на буквата „Г“ и да остане така цело време. Значи, не треба да пиете ниту премногу брзо ниту премногу бавно – треба да имате „контрола“ над голтките. Тоа е како мала вештина за пиво и често предизвик меѓу екипата во пабовите.

Сепак, Кејт не брзала – одлучила полека да ужива во секоја голтка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)


Потоа, таа ставила и малку пари зад шанкот за да можат момчињата да се почестат со уште една рунда:

„Тоа е најмалку што можам да направам“, рекла Кејт.

Гардистите, се разбира, ова го дочекале со воодушевување.

Принцезата Кејт (43) се врати на прославата на Денот на Свети Патрик, откако минатата година го пропушти настанот поради лекувањето на ракот. Тоа беше нејзина прва самостојна официјална должност откако повторно се појави во јавноста, а на Денот на Свети Патрик пристигна како полковник во ирската гарда, титула што ја презеде од принцот Вилијам.

Таа пристигнала на парадата во центарот на Лондон облечена во елегантен зелен капут од Александар Меквин, црни чизми на потпетици и беретка. Изгледот го заокружила со суптилна шминка и брош во форма на детелина. На нејзиниот ревер имало и гранче свежа детелина, која ѝ ја дал еден од гардистите по нејзиното пристигнување во касарната Велингтон.

Во еден трогателен момент, Кејт клекнала за да ја погали полковничката маскота, ирскиот волчјак Турлоу Мор, попознат како Сејмус. На неговиот ѓердан исто така му закачила мало гранче детелина.

Во текот на разговорот со гардистите и нивните семејства, Кејт зборувала за своите планови за патувања со децата, потсетувајќи се на турнејата низ Австралија и Нов Зеланд со принцот Џорџ кога тој бил бебе:

„На Џорџ му е фасцинантно што тој веќе бил таму, а сега кога тие се малку постари, би сакала повторно да ги одведам. Само, тешко е да се најде време за тоа“, рекла принцезата.

Кејт во текот на денот им доделила медали на гардистите за нивната долгагодишна служба и учество во операции.

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Српскиот пејач по трагедијата во Кочани: Не е време за нови песни, чувајте се

Еспресо

Нина Бадриќ ја потврди врската на Розга и Хуљиќ: Кога има привлечност, енергија и љубов, годините не се важни

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по смртта на Саша Поповиќ и погребот на кој не присуствуваше: „Тоа не е важно“

Еспресо

Поради трагедијата во Кочани: „Некст тајм“ ги одложија во Берлин и Хамбург

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ слави три години љубов со Муки: Ти беше таму кога никој друг не беше, ми ги бришеше солзите!

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ: „Во морето луксузни патувања, јас уживам на село готвејќи за сопругот и детето“

Еспресо
Се вчитува....