Канадскиот голман Милан Борјан е роден во семејство на Срби кои живееле во Книн и избегале од таму во 90-тите за време на распадот на Југославија. Прво во Белград, а потоа и во Канада, чие знаме го брани на СП. По поделбата, Книн стана Хрватска, но и покрај тоа што поминаа многу години, Хрватите го посрамотија Борјан за настаните од пред 30 години и за неговата позиција – Милан повеќепати потенцираше дека е Србин по потекло.
View this post on Instagram
На натпреварот помеѓу Хрватска и Канада, навивачите развиле транспарент на кој пишувало „Книн 95: никој не трча толку брзо како Борјан“. Фразата е референца на рекламниот слоган на компанијата Џон Дир која продава трактори. Зошто трактори? Затоа што бегалците заминуваа со се што можеше да се движи, вклучително и земјоделски машини.
Дополнително, на Интернет протече телефонскиот број на голманот. Така тој доби околу две илјади пораки со негативни коментари кои не го налутија, како и исвиркувањето и навредите на стадионот. Сепак, тој мораше да реагира.
А како одговор, Борјан кон трибините им покажа гест со три прста, значи српскиот национален поздрав, а по мечот хејтерите ги нарече примитивни луѓе кои треба многу да работат на себе и на своите комплекси.
За жал, од хрватските навивачи не „настрада“ само голманот, туку и неговата сопруга Снежана. Прво затоа што е сопруга на фудбалерот и го поддржува во се. Второ, затоа што Снежана е Србинка. И, логично, со пристигнувањето во Катар, на натпреварите ја поддржуваше не само Канада, туку и Србија.
View this post on Instagram
„Која е поентата да ги објавувате нашите броеви, да ни се јавуваат цела ноќ, да ни пишуваат пораки и да не навредуваат? Ги преплавивте нашите социјални мрежи со ужасни пораки. Вие сте болни и полни со омраза“– напиша девојката по непроспиената ноќ во понеделникот.
Инаку, да, Снеки навистина изгледа неверојатно!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram