15:57 - 2 април, 2026

(Фото) Каков холивудски гламур! Сите погледи вперени во Андрија Милошевиќ и сопругата на гала настан

Јавноста е навикната српската актерска двојка Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ да ги гледа главно во лежерен изглед, но овој пат ги изненадија своите обожаватели.

Преку социјалните мрежи брачната двојка често објавува фотографии и видеа од секојдневието, кои најчесто не вклучуваат свечени настани, а сега следбениците имаа можност да ги видат во сосема поинакво издание.

Имено, Андрија и Александра биле гости на настан во Белиот двор. Тие се појавиле во многу гламурозно издание, па сите погледи биле вперени во нив.

Андрија ја избрал „целосно црна“ верзија, па на себе имал црна палто и црна кошула, во кои изгледал многу елегантно.

Александра, пак, блеснала во црвеното издание. Таа облекла црвен костум кој го усогласила со црвен кармин, а нејзината ретро фризура направила да изгледа уште погламурозно.

Изгледот на Милошевиќ и неговата сопруга бил како од црвениот тепих во Холивуд, со што сите се согласиле.

Да потсетиме, Андрија и Александра се венчаа во тајност, а наскоро ќе прослават две години брак:

– Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, дваесет и пет дена пред да се роди Реља, ова е првпат ексклузивно за тебе. Сѐ беше многу интимно, само кумовите и неколку пријатели беа со нас – открила таа во емисијата „На кафе со“ Сека Саблиќ.

 

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....