16:23 - 3 април, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ по раскнувањето со Драган пресече: Водителката објави фотографија и најави крај на една ера

Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна ја раскина врската со бизнисменот Драган Станковиќ, а сега повторно предизвика вистинска бура на социјалните мрежи со својот нов изглед.

По раскинувањето, Јована реши да го промени и својот имиџ, па ја скрати долгата коса и се врати на својата речиси препознатлива кратка и права фризура.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


Нејзините следбеници не останаа рамнодушни на оваа трансформација, а коментарите се движеа од поддршка до пофалби за нејзината храброст да го освежи својот изглед во новиот период од животот.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ издаде соопштение дека таа и бизнисменот Драган Станковиќ одлучиле да стават крај на врската која траеше речиси две години.

Иако имаа големи планови, сè пропадна, а Јована неодамна откри дека се иселила од вилата на Драган, која се наоѓа во селото Бегаљица во Грочка, и се вратила во својот стан.

По раскинувањето, Јована Јеремиќ му го вратила свршеничкиот прстен на Драган, но му ја оставила и вилата што тој ја купил и ја именувал по неа.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....