15:18 - 3 април, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша остана и без новиот профил на Инстаграм: На нејзиниот профил има известување од компанијата „Мета“

Српската пејачка Јелена Карлеуша доживеа нова непријатност на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, нејзиниот профил, кој го создаде пред само неколку дена, е затворен. Причината сè уште е непозната.

Имено, кога ќе влезете на нејзиниот профил, Инстаграм исфрла известување дека „Вчитувањето на профилот не е можно“, а исчезнаа и сите фотографии и видеа што ги објави. Исто така, не е можно да се види кого таа следи и кој неа ја следи.

Карлеуша три месеци беше без профил на популарната социјална мрежа. Неодамна откри дека ќе оди во САД со својот правен тим за да го врати својот профил.

– Денеска се навршуваат три месеци откако ми го згаснаа Инстаграм. За неколку дена ќе се сретнам со претставници на компанијата Инстаграм како дел од META во Америка заедно со моите правни застапници. Во случај да не ја вратам сметката, ќе морам да отворам нова и да почнам од нула. Наскоро ќе бидете информирани – напиша Јелена на социјалната мрежа Икс.

Јелена ја следеа речиси 2,5 милиони луѓе на нејзиниот претходен профил. Кога отвори нов, речиси ист број луѓе ја следеа за само неколку дена, по што таа се огласи и ги покани луѓето да ја следат.

„Ги избришаа моите 2,4 милиони следбеници. Ви благодарам за вратените 2 милиони и за новите. Одиме понатаму. Можеме да направиме и повеќе од 2,4 милиони“, напиша тогаш својата инстаграм-приказната.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....