4.8 C
Скопје
19:19 - 18 февруари, 2026

(ФОТО) ИТАЛИЈАНСКО СРЕДНОВЕКОВНО ГРАТЧЕ СО НАЈГОЛЕМА ЕЛКА ВО СВЕТОТ: Зимска божиќна бајка која мора барем еднаш да се доживее

Елката во италијанското средновековно ридско гратче Губио, во регионот на Умбрија, во централна Италија, и годинава привлече бројни туристи особено што токму оваа година повторно си го врати приматот на најголема елка во светот поставена на планина. 

instagram

Нејзиниот рекорд во Гинисовата книга е одново потврден, а поставен во 1991 година.

Оваа фасцинантна елка се протега, со основа од 450 метри, на над 750 метри на падините на планината Ингино, почнувајќи од градските средновековни ѕидини па до базилика на врвот на планината.

Фигурата на огромната новогодишна елка е направена со вешто уредување на дивите падини на планината Ингино, и со помош на светлечки тела од различни видови и бои.

За време на божиќните празници Губио се трансформира во бајка. Изобилува од бројни атракции и настани за млади и стари, божиќни пазари, панорамско тркало и секако – поглед на најголемата елка во светот која е видлива од далеку.

На плоштадот Кваранта Мартири ќе ја најдете санката на Дедо Мраз влечена од неговите коњи, а достапна е за прошетка во неа низ улиците на историскиот центар.

Панорамски поглед на романтичниот осветлен град овозможува и жицарницата. Така, за само шест минути од срцето на Губио може да се качите до базиликата С. Убалдо (803 н.в.), каде што се чува урната на светецот заштитник на градот.

Сепак, единствена магична возбуда може да доживеете и ако одите пеш по улиците што ја минуваат елката.

Трета опција да го разгледате градот е да се качите на туристичкиот воз кој ќе ве потопи во магијата на илјадагодишната историја, во културата и традициите на Губио, град кој не престанува да воодушевува.

instagram
instagram

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gubbio è (@visit_gubbio)

Слични објави

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо
Се вчитува....