15.8 C
Скопје
10:32 - 26 март, 2026

(Фото) „Исусе Боже!“ Северина покажа што морала да направи по концертот во Макарска

Познато е дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ не се штеди на своите енергични настапи и дека на сцената се труди да даде сè од себе. Северина со часови скока, пее, танцува и се шегува со својата публика, но сето тоа на крајот мора да остави и некакви последици. Така било и по концертот на Северина во Макарска.

Најдобар доказ за тоа е видеото во кое покажа колку ја болат нозете по концертот во Макарска.

Пејачката на социјалните мрежи објави видео во кое по настапот ги лади нозете во ледена купка, а ова не баш пријатно искуство не го ублажило ниту тоа што нејзините соработници се обиделе да ѝ ги ублажат маките пеејќи ѝ „Када Надалина ноге…“. Нејзините колеги се обидувале да ја насмеат, пеејќи ѝ ја песната, додека пејачката се фаќала за глава и стенкала од болка.

 

„Исусе Боже, луѓе мои“, извикала таа по неколку секунди во ледената купка.

Да потсетиме, Северина неодамна покажа како изгледа пред и по концертот. Таа позираше пред огледало пред да излезе на сцената, а потоа и по концертот – со мокра коса и грб.

„Пред и потоа“, се пошегува таа, а нејзините следбеници напишаа: „Олимпијците не ти се ни до колена“.

 

 

Слични објави

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....