13.8 C
Скопје
04:02 - 2 мај, 2024

(Фото) „Испливаа“ фотографии од ФБИ со траги од насилство врз Џоли по кавга со Бред Пит

„Пејџ сикс“ објави фотографии од Анџелина Џоли со модринки на рацете кои глумицата ги добила како резултат на кавга со Бред Пит во приватниот авион во 2016 година. Фотографиите на кои се гледаат модринки на раката и лактот на Анџелина се вклучени во извештајот на ФБИ, кој беше објавен пред неколку дена.

принтскрин
принтскрин

Џоли го обвини Пит дека ги навредувал неа и децата за време на летот, а исто така употребил и физичко насилство врз нив.

Најстариот син на двојката Медокс се обидел да му одговори, а потоа, според зборовите на Џоли, Пит се обидел да го нападне момчето. Џоли се обидела да го спречи.

Според актерката, Пит, кој бил пијан за време на кавгата,  „ја фатил за глава, а потоа за раменици“, ја тресел и ја притиснал за ѕид. Актерката изјавила дека добила модринки на грбот и лактот, како и абразија на раката.

Инцидентот ги исплашил децата, кои плачеле и прашувале дали мама е добро, на што актерот одговорил:

„Не, мама не е во ред. Таа го уништува ова семејство. Таа е луда“.

Според Џоли, децата по овој инцидент биле „физички и психички трауматизирани“.

Анџелина Џоли не му прости на својот сопруг за овој чин и поднесе барање за развод, а исто така се обрати до ФБИ со барање да ја разгледа ситуацијата. Службениците за спроведување на законот не ја пронајдоа вината кај Пит. Како резултат на тоа, Џоли го тужеше ФБИ, а документи со детали од истрагата беа објавени во неколку странски медиуми.

Според упатените блиски до Пит, актерот верува дека Џоли тоа го прави намерно, сакајќи што повеќе да го повреди поранешниот сопруг.

Анџелина Џоли и Бред Пит започнаа врска во 2005 година, а се венчаа во 2014 година. Две години по венчавката, Анџелина Џоли поднесе барање за развод по инцидентот во авионот.

Бред Пит во нов ураган: Неговата фондацијата ќе плати 20,5 милиони долари на жителите на куќите што ги изградил со бројни пропусти

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....